Словачкиот премиер Фицо бара да се намали европската помош за Украина

by Fokus

Словачкиот премиер Роберт Фицо изјави дека, пред сè, би сакал да ја намали европската помош за Украина, но дека за таква одлука е потребно едногласност во Европскиот совет, пренесоа денеска словачките медиуми.

Според него, Зеленски смета дека секој треба да му биде слуга, но, како што рече, Роберт Фицо е премиер на Словачка и не е слуга на Украина.

Братислава бара Киев да го отвори вентилот и да дозволи проток на руски гас кон Словачка и други земји.

Според словачките медиуми, Зеленски отишол во дефанзива и одбил дури и да се сретне со Фицо во Давос за да избегне разговор за ова прашање, а како резултат на тоа, европските резерви на гас брзо се трошат.

Претходно словачкиот премиер како една од мерките вети дека ќе го прекине снабдувањето со електрична енергија за Западна Украина, пренесува Танјуг.

Поврзани новости