Словачкиот министер за животна средина поднесе оставка откако ноќеска демолирал ресторан

by fokus

Словачкиот министер за животна средина, Ласло Солумос денеска соопшти дека поднел оставка откако ноќеска наводно пијан, заедно со неговиот брат, учестувал во демолирање на кинески ресторан во Братислава, пренесоа локалните медиуми.

Солумос наводно бил уапсен заради напад врз персоналот на ресторанот и за уништување на мебелот, а според полицијата еден вработен во ресторанот по нападот побарал и медицинска помош.

Полицијата не го објави идентитетот на сторителот, но интернет страницата Pluska.sk уште ноќеска пренесе дека насилникот е Солумос, член на унгарско-словачката партија Мост Хид.

Според медиумските информации, уапсеното пијано лице гласно негодувало заради апсењето, тврдејќи дека е министер за заштита на животната средина.

Словачкиот премиер Петер Пелегрини утринава го повикал Солумос и од него побарал јавно да се извини, а министерот по средбата објави дека поднесува оставка. Тој, меѓутоа, одби да одговара на новинарски прашања.

Поврзани новости