Словачка на работ од граѓанска војна: политичарите повикуваат на смиреност

by Fokus

Словачкиот министер за внатрешни работи Матуш Шутај Ешток повика на смиреност по вчерашниот атентат на премиерот Роберт Фицо.

„Престанете да ширите омраза и поделби, на прагот на граѓанска војна сме“, предупреди тој.

Неговата изјава следи по бројните меѓусебни обвинувања на политичари и партии за тоа, по чија вина е атентатот, а со тоа расте тензијата во оваа централно-европска држава. Граѓаните пред болницата „Банска Бистрица“, каде се лекува премиерот, велат дека ова е ужасно, бидејќи едно е некој да фрли јајце или домат по политичар, а друго е да го застрела поради незадоволство од неговото работење.

По настанот кој ја потресе нацијата, тамошната јавност е дополнително поларизирана и поделена, а државните функкционери постојано повикуваат за крај на говорот на омраза и воздражност на новинарите и политичките актери.

„Да излеземе од маѓепсаниот круг на омраза и меѓусебни обвинувања. Тоа што се случи вчера беше индивидуален чин, но тензичната атмосфера на омраза беше наша колективна работа“ рече претседателката на Словачка, Сузана Чапатова.

Хирурзите со часови се обидуваа да му го спасат животот на 59 годишниот словачки премиер Роберт Фицо. Министерот за одбрана и заменик премиер, пред болницата изјави дека здравствената состојба засега му е стабилна.

Поврзани новости