701
Словачка одлучи да протера тројца дипломати од руската амбасада во Братислава, врз основа на податоците на тајната служба, и тие мора да ја напуштат земјата во рок од 72 часа, соопшти денеска Министерството за надворешни работи на таа држава.
-Истовремено, Министерството за надворешни работи силно апелира до Амбасадата на Руската Федерација нивните претставници да ги извршуваат своите должности во согласност со Виенската конвенција за дипломатски односи, се вели во соопштението.
– Русија ќе одговори на „словачкото неоправдано протерување“ тројца руски дипломати, рече денеска портпаролот на руското Министерство за надворешни работи.