Слободни се околу 500 болнички кревети, 1507 пациенти се лекуваат од корона вирус

by Fokus

Вкупно 1507 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците во другите градови. Има околу 500 празни болнички кревети во ковид – центрите, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 34 нови пациенти поради компликации од коронавирусот. Вкупно 587 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град. Голем број од пациентите се на кислородна поддршка.

Во ковид – центрите во болниците во другите градови во изминатите 24 часа е пријавено дека се лекуваат вкупно 920 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот.

Поврзани новости