843
Под влијание на моќна циклонска активност, денес времето во нашата држава ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд кој локално ќе бидат проследени со појава на грмежи. На некои места врнежите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и ќе наврнат над 30 л/м2 воден талог. Ќе дува засилен ветер од јужен и од југозападен правец кон локално ќе биде СИЛЕН (над 70 км/час, додека максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот само од 16 до 25 степени.
Во Скопје и околината времето ќе биде претежно облачно и свежо со повремени врнежи од дожд и со умерен до засилен ветер од југозападен правец, ќе има услови и за појава на грмежи. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 21 степен.
Потоа до вторник нашата територија ќе биде под влијание на серија на влажни воздушни бранови кој повремено ќе условуваат врнежи од дожд. Локално истите ќе бидат поинтензивни . Ќе продолжи да дува умерен, повремено засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 17 до 25 степени.
Подготви: Славчо Попоски