Следува стабилно време, со пониски температури од изминатите денови

by Fokus

Во следните денови времето ќе биде претежно стабилно со слаб до умерен јужен ветер, а температурите ќе бидат нешто пониски од изминатите денови. Само утре ветерот ќе биде од северозападен правец. Во средината на работната седмица ќе има услови за локален дожд со ретки грмежи, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Денес максималните температури ќе достигнат до 30 степени, а во вторник и среда ќе се намалат и ќе достигнат до 25 односно 26 степени. Потоа следи повторно постепен пораст, до 30 степени во сабота.

 

Поврзани новости