По локалното провејување на снег и локално сосема малата снежна покривка понатаму очекуваме стабилно, суво и релативно студено време, особено во утринските часови кога минималните температури понекаде ќе се спуштат до околу -10 степени.
На повисоките места и на планините истите се очекува да се спуштаат и под -10 степени. Времето понатаму ќе биде сончево, повремено со мала локална облачност.
Денес ќе дува умерен, долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, потоа ветерот ќе ја намалува својата брзина. Максималните дневни температури на воздухот денес ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 8 степени, додека од утре до петок истите ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 9 степени.
Понатамошен незначителен пораст на температурите ќе има за време на викендот , тогаш максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 5 до 12 степени.
Подготви: Славчо Попоски