Од денеска, па во текот на следните неколку денови нашата територија ќе биде под влијание на стабилна, сува но студена воздушна маса. Ќе има значително повеќе сончеви периоди за разлика од изминатите два до три денови, односно времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Исклучок ќе биде денешниот ден каде локално сеуште ќе има малку повеќе облаци, на крајниот североисток не се исклучува можноста за сосема слабо и локално провејување на снег.
До крајот на денов, особено долж Повардарието ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, од утре брзината на ветерот насекаде ќе се намалува. Минималните температури на воздухот и понатаму ќе бидат доста ниски, односно истите ќе се спуштаат во интервалот од -10 до -2 степени, понекаде истите ќе се спуштаат и до околу -12 степени.
На повисоките и планинските места ќе биде уште постудено. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од -1 до 8 степени, на крајниот југоисток максимумот на температурите има услови да се искачи и до околу 12 степени. Постепено затоплување на времето се очекува од самиот почеток на следната недела.
Подготви: Славчо Попоски