Следува постабилно време – иако не се исклучува можноста за изолирана нестабилност во попладневните часови

by Fokus

Денес времето во нашата држава ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Во попладневните часови ќе има услови за изолиран развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот.

Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 24 до 31 степен. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен ветер од северен и од североисточен правец. Во попладневните часови мали се условите за локална и краткотрајна нестабилност, максималната дневна температура ќе се искачи до околу 28 степени.

Потоа и во наредните денови во времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Во попладневните часови ќе има услови за изолиран развој на нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Температурите на воздухот ќе бележат тенденција на пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 34, 35 степени.

Поврзани новости