До крајот на денов ќе се задржи променливо облачно време со сончеви периоди, ќе има услови и за локално слабо провејување на снег, особено на повисоките места и на планините. Ќе продолжи да дува умерен а особено долж Повардарието и на југоисток засилен ветер од северен и од северозападен правец, максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 4 до 12 степени.
Утре ќе се задржи променливо облачно време, во крајните североисточни предели ќе има услови за сосема слабо провејување на снег. Ќе продолжи да дува ветерот од северен и од северозападен правец.
За време на викендот ќе бидеме зафатени од уште постуден воздух од североистокот на Европа. Температурите на воздухот значително ќе опаднат, веќе од недела наутро понекаде истите ќе се спуштаат и до околу -10 степени. Максималните дневни температури на воздухот пак ќе се искачуваат во интервалот од 0 до 9 во сабота, во недела истите ќе се искачуваат во интервалот од -2 до 7 степени во најтоплите предели од државава.
Исто така за викендот ќе дува засилен северен ветер. Локално ќе има услови и за слаби врнежи претежно од снег (ништо особено).
НЕОФИЦИЈАЛНО: Отсега гледано за време на новогодишната ноќ времето во нашата држава ќе биде студено со негативни температури на воздухот на повеќе места, ќе има услови и за сосема слабо провејување на снег во втората половина од ноќта, и тоа особено на североисток.
Подготви: Славчо Попоски