Во текот на денешниот ден времето во државава ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално ќе има услови за ПОИНТЕНЗИВНИ атмосферски процеси кој ќе бидат застапени во форма на НЕВРЕМЕ, проследено со пороен дожд, силен ветер, ерлектрични празнења и услови за појава на град. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 23 до 31 степен.
Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локална појава на пороеон дожд, грмежи, засилен ветер и услови за ретка појава на град. Максималната дневна температура на воздухот ќе се искачи до околу 28 степени.
Потоа и во следните денови во текот на претпладневните часови ќе имаме повеќе сончеви периоди. Од пладневните часови па натаму локално ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Не се исклучува можноста и за локална појава на град, особено утре. Температурите на воздухот нема многу да се менуваат во однос на сегашните, што значи и натаму ќе бидат околу просекот за овој дел од годината.
Подготви: Славчо Попоски