680
Во следните два дена ќе се задржи стабилно време со ниски утрински температури и со услови за утринска магла по одделни котлини, информира Управата за хидрометеоролошки работи.
Во сабота облачноста ќе се зголеми, а од недела ќе преовладува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Поради облачноста, утринските температури ќе бидат во пораст, а дневните ќе опаднат за три до пет степени.