Следниот викенд ќе се знае распоредот на листите на СДСМ и коалициските партнери за изборите на 12 април, во партијата работи комисија од меѓународни и домашни експерти за селекција на кандидатите, информираше денеска на прес-конференција претседателот на владејачката партија Зоран Заев.
-СДСМ работи на оценка и анализи, а во моментов работи и комисија од меѓународни и домашни експерти дополнета со претставницои на политичкото раководство на СДСМ за квалитетна селекција на кандидатите кои треба да бидат репрезенти на локалните заедници. Ние се уште немаме потврдено со сите партнери дека имаме коалиција. Идниот понеделник треба да ги утврдиме кои се коалициски партнери и кои се местата кои ќе ги добијат и кои се кандидатите на СДСМ што бидат на листите, рече Заев
Според него, кадндидатите треба да се достоинствени репрезенти на народот и нагласи дека не е важно дали доаѓаат од СДСМ, Беса, НСДП, ДОМ ПЦЕР, или од партиите на Бошњаците, Власите Турците..