Следниот месец ќе се знае цената на парното, вели директорот на ЕСМ

by Fokus

Корисниците на централно греење следниот месец ќе ја дознаат цената по која ќе го плаќаат парното во новата грејна сезона, рече денеска директорот на АД ЕСМ, Влатко Стефанов. Тој вели дека се чека Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), согласно роковите, да си ја заврши работата, односно да ги проектира цените.

„Очекуваме РКЕ согласно роковите да си ја заврши работата, односно да ги проектира цените. Се надевам дека некаде почетокот или средината на септември дека ќе ја имаме веќе цената на парното греење“ – вели Стефанов.

Тој додава дека компанијата е целосно подготвена за грејната сезона и дека во тек се ремонтните активности кои се очекува да завршат некаде до крајот на наредниот месец или почетокот на октомври и со тоа сите производни капацитети на ЕСМ да бидат ставени во функција.

Стефанов се надева и дека ќе продолжи поддршката од Владата со цел, како што напомена, ЕСМ да работи продуктивно, во интерес на граѓаните, за цената да не се зголемува и да нема рестрикции.

Поврзани новости