Светската куќа на фудбалот ги потврди промените кои ќе се случат на следното Светско првенство, пренесува „Атлетик“.
Од 2026 година на Мундијалот ќе се најдат 48 репрезентации, наместо досегашните 32.
Во првиот круг ќе има 12 групи по четири репрезентации, а попонатаму ќе се пласираат сите прво и второпласирани селекции и осумте најдобро третопласирани. Тоа значи дека за 39 дена ќе се одиграат 104 натпревари.
Така, ФИФА ќе добие уште 40 натпревари во своето најголемо натпреварување.
Од дополнителните 16 репрезентации на Мундијалот, три места треба да добие Азија, четири Африка, две Северна Америка, две Јужна Европа, три Европа и едно од Океанија. Последниот учесник ќе биде одреден по меѓуконтиненталното доигрување. Европските квалификации ќе започнат во март 2025 година и ќе траат една година.
Светското првенство во 2026 година ќе биде првото во историјата организирано од три домаќини – САД, Мексико и Канада.