457
Врховниот суд за следниот четврток, 29 јуни, ја закажа јавната седница на која треба да бидат разгледани и да се одлучува по жалбите на шестемина осудени на доживотни затворски казни во случајот „Монструм“, односно за петкратното убиство кај Смиљковско Езеро.
Како што соопшти Судот, седницата ќе биде јавна, а ќе се одржи во големата сала на Врховниот суд.
Судот претходно двапати ја одложи оваа седница, која прво требаше да се одржи на 30 мај, па беше презакажана и повторно одложена на 9 јуни, бидејќи дел од адвокатите на обвинетите беа на боледување.