Следната пандемија може да е најсмртоносна за човештвото – не е прашање дали, туку кога!

by Fokus

Според генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус, неизбежно е да се појави следната голема пандемија.

„Неизбежно ќе се појави нова пандемија во иднина и меѓународната заедница треба да се подготви да одговори на таа закана. Не е прашање дали ќе се случи, туку кога, и не можеме да си дозволиме да ги повториме грешките од минатото. е причината зошто земјите-членки на СЗО преговараат за нов договор за пандемија и измени на Меѓународните здравствени регулативи за зајакнување на правната рамка за глобален одговор на пандемии“, рече генералниот директор на Светската здравствена организација (СЗО) Тедрос Аданом Гебрејесус на крајот на октомври.

Фамилијата на парамиксовируси има над 75 вируси – вклучувајќи заушки, мали сипаници и инфекции на респираторниот тракт. Во октомври беше додаден списокот на пандемични патогени на Националниот институт за алергија и заразни болести на кои треба да се внимава, пишува „Дејли мејл“.

Еден од тие вируси, нипах, може да ги инфицира клетките со рецептори кои го регулираат она што влегува и излегува од клетките што го обложуваат централниот нервен систем и виталните органи. Оваа варијанта има стапка на смртност до 75 проценти во споредба со Ковид, што е далеку под еден процент.

Научниците истакнуваат дека, за разлика од грипот и ковид-19, кои „брзо се менуваат“, изгледа дека парамиксовирусите не мутираат додека се шират, туку станаа „многу добри во пренесувањето меѓу луѓето“.

Поврзани новости