На традиционалната манифестација Галичка свадба, овогодинешните младенци се Марина Петровска и Огнен Караѓозевски. Нивната љубов ќе ја овековечат на овој традиционален настан кој ќе се одржи по 46-ти пат, а ќе трае од 12-ти до 14-ти јули во селото Галичник на планината Бистра. Свадбата ќе биде проследена со свадбарски обичаи, ритуали, народни носии и песни.
Ние во Пивара Скопје сме подебно гордни сме што веќе 46 години во континуитет сме неизоставен дел од оваа уникатна манифестација која е огледало на нашата богата традиција и културно наследство на Република Македонија. Им честитам на младенците за нивната среќа и берикет, но и за пријателство и заедништво кои не поврзуваат и зближуваат. Тоа е исто она заедништво, иднина, пријателство, дружење како најисконска сила која ги поврзува во Галичник сите оние кои се од Галичник, но и оние кои се намирници и сакаат да го видат Галичник и нашата богата традиција, рече Ламбро Патче, „Пивара Скопје“.