Украинскиот претседател Володимир Зеленски синоќа изјави дека следната година треба да биде време за воспоставување сигурен мир.
„Постепено се договараме за нови назначувања на амбасадори на Украина и промени во дипломатскиот кор. Се подготвуваме да го зајакнеме нашиот тим. Работата на надворешната политика следната година ќе биде уште поинтензивна од оваа година. Следната година треба да биде време на сигурен мир “, рече Зеленски во синоќешното видео обраќање, пренесува Укринформ.
Зеленски, осврнувајќи се на извештајот на врховниот командант на вооружените сили на Украина Александар Сирски за учеството на севернокорејските војници на страната на руската армија, истакна дека Русија „се обидува да ги скрие вистинските загуби на Севернокорејци“.