Следната година ќе се гради интерконекторот за природен гас со Грција

by fokus

Интерконекторот за природен гас со Грција ќе почне да се гради на почетокот на следната година, информира министерот за економија Крешник Бектеши. Тој на својот фејсбук профил истакна дека проектот „Интерконектор за пренос на природен гас Грција – Северна Македонија, делот на Северна Македонија“, ќе биде во износ од 28,9 милиони евра.

-Собранието денеска го изгласа Закон за гаранција на Република Северна Македонија за обврските по договорот за финансирање на проектот „Интерконектор за пренос на природен гас Грција – Северна Македонија, делот на Северна Македонија“, кој ќе се склучи меѓу Европската инвестициона банка (ЕИБ) и АД за вршење на енергетски дејности „Национални енергетски ресурси Скопје“ (НЕР) во износ од 28,9 милиони евра, стои во објавата.

Министерот додава дека со изградбата на овој интерконектор ќе се зголеми конкурентноста на државата во делот на природен гас, а тоа ќе значи поконкурентни цени на енергенси за граѓаните и бизнисот.

Поврзани новости