Следна можна цел на руските напади се Киев и Одеса

by Fokus

Не можеме да ја исклучиме можноста дека Киев ќе биде следната етапа во нападите на руските војници, изјави денеска советникот на министерот за внатрешни работи на Украина, Вадим Денисенко.

Тој додаде и дека не можат да се исклучат напади врз Одеса.

– Ако зборуваме за главниот град и за групирање на руски војници во Белорусија, за жал, не можеме да исклучиме дека Киев ќе биде следна цел на напад, истакна Денисенко.

Како што е наведено, кога станува збор за Одеса, веројатно би била опасност од напад од морето.

Русија на 6 април соопшти дека ги повлекува своите трупи од регионот на Киев, како гест на добра волја во преговорите со украинската страна.

– За да создадеме поволни услови за преговори, сакавме да направиме гест на добра волја. Можеме да донесеме сериозни одлуки за време на преговорите, па претседателот Путин им нареди на нашите војници да ја напуштат областа (Киев), изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Поврзани новости