1.9K
Славјанка Петреска е новата пратеничка на местото на Оливер Спасовски, кој поднесе оставка од пратеничката функција поради тоа што е предложен за министер за внатрешни работи.
Како што е познато, Петровска му беше шеф на кабинет на Спасовски додека беше министер за внатрешни работи, а во пржинската влада таа стана дополнителен заменик-министер за внатрешни работи.
Инаку, Собранието продолжува со работа со констатирање на оставките и на останатите пратеници кои треба да бидат дел од извршната власт, така што констатирана е оставката на Мила Царовска, откако тоа беше сторено со Зоран Заев, Радмила Шекеринска, Љупчо Николовски.