Славески за буџетското финансирање на партиите: Демократијата има цена

by fokus

Поранешниот министер за финансии, Трајко Славески во денешното гостување на телевизија Телма коментирајќи дали партиите требало да се откажат од буџетски пари, рече дека демократијата има цена.

-И покрај кризата, очекуваме дека ниту еден субјект не може да се откаже целосно од некои приходи кои овозможуваат некоја општествено одговорна работа. Демократијата има цена, рече Славески

Тој додаде дека ребаласот на Буџетот бил задоцнет.

-Можеше да се донесе пред месец, месец и половина. Ребалансот требаше да се донесе некаде во април, кога и беше побарано од нашиот заменик-министер за финансии, смета Славески.

Поврзани новости