Славески: Воведувањето на царини на Трамп може да се користи и како закана кон земјите, како на пример Кина

by Fokus

Професор Трајко Славески во гостување на тв24 рече дека иако царините кои сака да ги воведе Трамп служат како заштитна мерка на младите индустрии, но сепак нивното воведување е некакво орудие преку кое се бара остварување на други цели.

Според него, тоа се закани кои може и да немаат никаква врска со економијата.

„Економските аналитичари се обидуваат да ја објаснат функцијата на царините. Тие може да се користат и како закана кон земјите на пример кон Кина, Трамп побара од нив да му продадат 50% од Тик Ток или за Мексико, бара да ја штитат границата со цел да не влегуваат мигранти“, изјави Славески.

Тој појасни и дека со воведувањето на царини на некој начин ќе настрада и американската економија.

„Трамп е на некој начин загрижен и како аргумент за воведувањето на царини го користи високиот трговски дефицит и тоа е факт, посебно со земји како Кина, Мексико, Канада, Европа кои со воведување на царина ќе имаат несакани последици. Така ќе дојде и до јакнење на доларот а намалување на увозот. Поскапиот долар ги поскапува и американските производи а се намалува и извозот“, изјави Славески.

Поврзани новости