624
Претседавачот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески во гостувањето во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ говореше за проблемот со парното кој ги снајде скопјани.
Според него, овој проблем може да почне да се решава, а Владата е таа која може да се задолжи.
„Се забележува дека има дисонанца за начините на решавање на овој проблем. Се префрла вина на Град Скопје. Но, Владата е онаа која може да се задолжува. Според законот за Град Скопје има една цртичка каде вели дека во надлежност на градот е и оваа дејност со затоплувањето. Но има такви правни процеси кои ни по десет години сѐ уште не ги има решено овие проблеми. Граѓаните ги користат сите извори на енергија, но немаме ресурси да помогнеме“, вели Славески.