Славески: Трошиме пари кои ги немаме

by Фокус

Наместо да му се помогне на стопанството, се води политика во пресрет на предвремените парламентарни избори, смета Трајо Славески, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ. Како што изјави тој на Телма, главната цел на владините не е поддршка на економијата.

-Трошиме пари на граѓаните и трошиме пари коишто во моментов ги немаме. Видете некако се настапува триумфалистички, ние сме тие кои што ќе ги помагаме македонските граѓани, различни структури итн., тоа е обврска на Владата, тоа го прават и други земји. Во таа смисла, мислам да нема таков наратив и настап кој што не може да се одлепи од тоа дека престојат избори во Република Македонија – истакна Славески.

Ако имавме доволно средства во буџетот, истакнува тој, сега веќе граѓаните ќе ги имаа на своите трансакциски сметки парите.

Поврзани новости