371
Изразувам длабоко сочувство до семејствата на настраданите од земјотресот во Турција и Сирија, рече претседателот на Советот на Град Скопје.
„Молитвите во овие тешки моменти се со пријателските народи на Македонија кои се зафатени од разорен земјотресот.
Во договор со советничките групи и градоначалникот Данела Арсовска како претседателот на Совет свикав итен состанок на Координативното тело на Совет на кој ќе се согледаат сите можности за испраќање хуманитарна помош, за што Совет ќе донесе одлука на итна вонредна седница што ќе се закаже за во најкус можен рок“, додаде тој.