Поранешниот министер за финансии и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески, вели дека подолго време нема никакви контакти со поранешниот партиски лидер Никола Груевски. Но, како што открива Славевски во разговорт за порталот Магазин, Груевски му пратил честитка за Нова Година од унгарски број.
Инаку, Славески му беше советник на Груевски како министер за финансии во 2000 година, а по поразот на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори во 2002 година тој ја одбива понудата за амбасадорско место и набрзо потоа влегува во партискиот Извршен комитет.
Откако ДПМНЕ предводено од Груевски успева да победи на следните парламентарни избори во 2006 година, пак, Славески станува министер за финансии, откако една година претходно беше избран и за единствен потпретседател на ДПМНЕ.
И покрај блиската соработка со Груевски и високите функции што ги врпел во партијата и државата додека Груевски беше лидер и премиер, Славески во 2009 година беше разрешен од министерската позиција, по што целосно се повлече и се изолира од партиските структури.
Денес, Славески вели веднаш по доаѓањето на ДПМНЕ на власт веднаш имал заладени односи со Груевски, бидејќи му ги предочувал грешките, како што се, вели Славески за Магазин, одлуката да се коалицира со ДПА наместо со ДУИ од 2006 до 2008 година, како и одлуката Сашо Мијалков да се именува за прв човек на Управата за бездбедност и контраразузнавање.
По лидерската смена во ДПМНЕ, кога Христијан Мицкоски го замени Груевски на лидерското место во партијата, Славески повторно се врати во партиските органи, откако беше избран за член на партискиот ИК.
За обвинувањата дека Мицкоски е продолжена рака на Груевски, тој вели дека своевремено и за Груевски сите говореле дека е под контрола на Љубчо Георгиевски, што, според него, се покажало дека не е точно.