Членот на Извршен комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески во интервју за „Фокус“ тврди дека нема комуникација меѓу поранешиот лидер на партијата Никола Груевски и актуелниот Христијан Мицкоски, освен за честитки за одредени поводи.
ФОКУС: Има ли комуникација меѓу Мицкоски и Груевски?
СЛАВЕСКИ: Па како комуникација, ако се смета честитање Нова година или роденден.
ФОКУС: Не се меша во партијата?
СЛАВЕСКИ: Не може да се меша. Па, дури мислам дека тоа не и амбиција на поранешниот премиер. Тој си има свои сопствени проблеми. Не е лесно да се биде одделен од семејството. Да се најдете во таква ситуација. Не само што нема амбиции, туку како може една личност да биде попаметна од колективниот ум што го има тука партијата. Тоа би било потценување.
Целото интервју прочитајте го во новиот број на неделникот кој можете да го купите и во електронска форма на овој линк.
Ирена Мулачка