0
Претседателот на Советот на Град Скопје, Трајко Славески, објави дека предлогот за зголемување на цената за поминат километар на приватните превозници е пуштен на мислење до градоначалничката Данела Арсовска.
-На потег е градоначалничката Арсовска, порача Славески.
Тој побарал одговори од Арсовска, дали се согласува со промена на условите во договорот, кој има важност до другата година, но и дали има конкретен предлог колкава да биде цената.