432
Некогашниот министер за финансии, Трајко Славески, на синоќешната дебата на „24 Отворено“, јавно го запраша актуелниот министер за финансии, Драган Тевдовски, зошто мора да размислува за неговите деца да ги пушта во приванто училиште.
„Јас не можам да разберам, како министер во земја, кадешто 99 отсто од дечињата учат во јавни училишта, вие се залагате за јавното образование а сега размислувате за приватно училиште. Моите деца училишта завршија во јавни училишта“, истакна Славески.