Славески: Арсовска наликува на четиригодишно дете со чеканче во раката

by Fokus

Претседателот на советот на град Скопје и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Трајко Славески упати низа критики кон градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска. Според него, таа се однесува како четиригодишно дете кое мора да биде сопрено.

„Пред летните одмори градоначалникот Арсовска изјави дека ќе работи цело лето и нема да земе одмор, мој совет е да си земе малку одмор, затоа што се гледа нервоза, а во нервоза и брзоплетост се прават грешки. Од она што го гледам и од она што постојано се случува во градската администрација, беше јасно потребен е одмор. Мене ми изгледа како госпоѓата Арсовска на моменти да изгледа како четири годишно дете, кое што има чеканче во рака и секој предмет што е околу него го гледа како клинец, како шајка и само удира. Тоа удирање треба да запре“, изјави Славески.

Поврзани новости