Нашата територија се наоѓа под влијание на циклонот ЗЛАТКА кој условува доста нестабилно време со почести врнежи од дожд. Интензивни врнежи проследени со ретки грмежи се регистрирани на југозапад и на запад од државата, па така локално количеството на врнежи веќе надмина над 30 л/м2.
Понатаму ќе има краткотраен престанок на врнежите, но сепак во западните предели денеска попладне и навечер ќе има повремен дожд од локален карактер. Нов бран на врнежи од дожд кој локално ќе бидат ПОИНТЕНЗИВНИ и со услови за појава на ретки грмежи ќе имаме во текот на ноќта кон недела кога повторно локално ќе наврне позначително количество на воден талог (над 25 л/м2).
Во недела во текот на денот врнежите ќе бидат со послаб интензитет и од локален карактер. Повторно ќе започне да дува умерен ветер од јужен и од југоисточен правец, кој особено на исток повремено ќе биде ЗАСИЛЕН.
Температурите на воздухот и натаму ќе бидат ВИСОКИ и ќе се искачуваат во интервалот од 14 до 21 степен. Понатаму и најновите излези на прогностичките модели укажуваат на тоа дека периодот пред нас ќе биде период со почеста појава на врнежи и влажни бранови.
Подготви: Славчо Попоски