Слаѓана Вујошевичќ во „Што го врти светот“: Како детето ја спаси ситуацијата со Биби?

by Fokus

Актерката Слаѓана Вујошевиќ разговара со Јована во последната епизода од „Што го врти светот?“. Слаѓана им е позната на најмладите како гласот на анимираната хероина Биби, од Светот на Биби. Таа е актерка со докторат по глума – телевизија, радио и филм во Истанбул и има бројни театарски, филмски улоги и улоги во турските серии кои се многу популарни и кај нас.

Слаѓана зборуваше за тоа како е да се биде омилен лик на децата, и нејзината улога во креирањето на ликот на Биби. Нејзиниот глас бил одбран токму од децата, кои имале можност да чујат повеќе потенцијални гласови од врвни актерки.

– Тоа е најубавиот комплимент. Најубавата критика која некогаш сум ја добила. -вели Слаѓана. Таа сподели и една ситуација во која дете од првиот ред во публиката на еден од концертите каде настапувала ја прашало: Биби, како се презиваш? Прашање на кое таа немала одговор.

– За да се извадам, велам „Леле другарчиња, па јас заборавив како се презивам“. И тогаш детето кое ме праша го направи најблагородниот чин кој може да го направи само дете. Толку се солидаризираше со мене, вели „Ех, Биби, не се грижи па јас понекогаш заборавам и како се викам“.

Слаѓана зборува за тоа како дел од содржините во кои работела, вклучувајќи ги Биби, но и турските серии се прават по вкус на публиката, следејќи ги нивните желби. Зборува и за тоа што може актерот, а се уште не може Вештачката интелигенција и каква е според неа иднината на креативните индустрии во кои работи.

Слушнете повеќе на линкот во продолжение:https://www.youtube.com/watch?v=HolQefL4ZKYСите епизоди можете да ги следите на YouTube и Spotify каналите на поткастот „Што го врти светот“.

Актерката Слаѓана Вујошевиќ завршила мастер и докторски студии во Истанбул, каде живеела и работела 7 години. Таа поминала повеќе од една година во изучување на овој исклучително тежок и за неа нов јазик, за најпосле да успее да глуми во турски претстави и серии. Интересно е дека нејзината прва улога – слугинка од Молдавија по име Вера почнала да добива се поголем удел во серијата, со тек на времето. Таа раскажува како Вера, од отворање и затворање врати станува лик кој ги прави клучните заплети помеѓу главните ликови.

Според неа, често овие серии се менуваат согласно мислењето на публиката за некој лик. Па така, некои поголеми улоги со текот на серијата исчезнувале, додека некои други добивале се повеќе реплики и време на екранот.

– Се работи за многу моќна алатка, во Турција има публика која комплетно им верува на сериите и се поистоветува со нив. Кога живеев во студентскиот дом една од хигиеничарките ми пријде и ми вели „Ти си Кристина?!“. Се сетив. Велам, да, да ја гледате серијата. Таа вели: „Ја гледам, ја гледам. Те молам кажи ја вистината! Цела вечер не сум спиела“. Потоа почнав да истражувам и сфатив дека има луѓе кои живеат со турските серии. Во домовите се прави распоред и координација за да може да се гледаат сите серии. Таа раскажува и за анегдота, која можеби не е вистина, но постои како мит. Во некоја од епизодите на „Долина на волците“ се закажал погреб на еден од главните ликови со информација за час и време. И, имало луѓе кои реално се појавиле на местото. Сепак, овие серии се популарни во многу држави, според некои информации во 150 држави низ светот, а профитите од извозот на сериите се очекува да достигнат 1 милијарда долари.

Се работи за огромна индустрија и интересно беше да се слушне од актерка која била дел од истата. На македонската јавност Слаѓана и е најпозната како гласот на цртаната хероина Биби. За овие и многу други теми слушнете во продолжение: https://www.youtube.com/watch?v=HolQefL4ZKY

Сите епизоди на „Што го врти светот“ можете да ги најдете на YouTube и Spotify каналите на поткастот.

ПР

Поврзани новости