341
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по наместа влажни коловози. Слаби врнежи од снег се бележат во Крушево, Стража и Попова Шапка. Поради појава на магла се бележи намалена видливост до 50 метри на планинскиот премин Ѓавато.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.