Слаб снег провејува на Попова Шапка, Маврово и на Стража

by Fokus

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно влажни коловози.

Слаб снег провејува на Попова Шапка, на планинскиот превој Стража и Маврово. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар.

Сите патни правци во државата се проодни без забрани, застои и ограничувања.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ЈП „Македонија пат“ со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучена во расчистување на патиштата по обилните врнежи во западните и источните предели. Исто така на располагање се и фирмите со кои соработуваат.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поврзани новости