Скурлетис: Потами може да ги замени Независни Грци во Владата

by fokus

Грчката владејачка партија, Коалицијата на радикалната левица (СИРИЗА) на премиерот Алексис Ципрас би можела да ја прифати партијата Потами како евентуален партнер во Владата врз основа на „јасно програмско поле на зближување“, изјави денеска грчкиот министер за внатрешни работи Панос Скурлетис.

Во изјава за радиото 24/7, Скурелтис оцени дека сегашниот владин партнер на СИРИЗА, десничасрката партија Независни Грци на министерот за одбрана Панос Каменос ќе мора дафинитвно да реши дали ќе остане во Владата или ќе ја напушти, откако изрази противење на Договорот со Македонија.

Скурлетис нагласи дека го разбира ваквиот став на Независни Грци, бидејќи партијата се обидува со „национал-полулиситчка агенда“ да се бори со опозициската конзервативна Нова демократија за продобивање на „едни исти избирачи“.

За разлика од Независни Грци, опозициската Потами го поддржа договорот со Македонија, поради што и се појавија претпоставките дека таа би можела да ја замени партијата на Каменос во Владата.

Лидерот на Потами, Ставрос Теодаракис меѓутоа во неколку наврати ја отфрли таквата можност.

Поврзани новости