1.1K
Скулптурите кои денеска беа поставени како дел од новата барокна фасада на објектот „Сити Галери“, односно поранешна Стоковна куќа на плоштад Македонија, испаднале повисоки од планираното, па на местата каде што беа поставувани беше „скастрена“ фасадата од стиропор.
Инаку, новите скулптури најверојатно требало да потсетуваат на таканаречените каријатиди, односно скулптура во форма на жена, која во архитектурата се користела како столб. Само што денеска поставените каријатиди „глумат“ столбови.