610
Скотланд Јард започна истрага за „настани“ во Даунинг стрит и Вајтхол во врска со потенцијални прекршувања на регулативата за коронавирус.
Британскиот премиер Борис Џонсон се соочува со нов притисок поради социјални собири во неговите резиденции и канцеларии во Даунинг стрит во последниве две години, за време на забрана на собири со цел да се спречи ширење на Ковид-19.
Според најновото откритие, во јуни 2020 година, околу 30 луѓе се собрале за да му подарат роденденска торта на британскиот премиер.
– Фактот што сега истражуваме, не значи дека фиксни казни ќе има во секој случај и за секое инволвирано лице, изјави полицискиот комесар Дам Кресида Дик.