Организираниот криминал и корупција веќе 10 години владее во туризмамот во Македонија тврдат од стопанската комора за Туризам на Македонија. Тие доставиле и иницијатива за спроведување ревизија на доделени договори за јавни набавки за туристички услуги во период од повеќе години наназад.
Членките на СКТМ упатуваат дека постои непринципиелност во постапката на доделување и реалиазција на Договорите за Јавни набавки во доменот на туристичките услуги. Тие сметаат дека постои непочитување на обврските од Договорот при реализацијата на наплатата на услугите, кое може да доведе до сериозно оштетување на државниот буџет од страна на одредени туристички агенции.
Проблемот доаѓа од две поврзани појави, и тоа од огласот за јавна набавка на услуги и реализирањето на тие услуги.
Според СКТМ, секоја агенција треба да обезбеди набавна цена на авио-билетите, хотелските услуги, билети за други превози и слично. За доделувањето на јавните набавки основен критериум е најниската цена на услуга, а според договорите тие најчесто се доделуваат на туристичките агенции кои нудат цена на услуга за резервација од 0,01 денар, што значи дека ќе даваат речиси бесплатни агенциски услови.
Проблемот настанува при доделување на Договорот. На туристичката агенција која ќе ја понуди најниската цена од 0,01 денар и се доделува Договорот за јавна набавка. Доколку повеќе агенции понудат најниска цена, Договорот го добива првата агенција која пријавила.
СКТМ се сомневаат дека некои туристички агенции порано се информираат за датумот и времето за тоа кога ќе биде објавен Огласот од другите, а тоа го извршуваат преку лице кое е вработено во институцијата или е одговорно за спроведување на постапката за огласување и доделување на Договорот.
Договорот за јавна набавка се доделува во период од 1 до 3 години, на една туристичка агенција.
Според жалбите на членките на комората, често се случувало клиентите кои патувале до одредена дестинација, да не бидат сигурни дали билетот ќе им биде платен од страна институциите кои го имаат Договорот за јавна набавка. Клиентот може да се соочи со проблем по извесно време тој да треба да ја откаже резервацијата поради тоа што Договорот е доделен на друга институција, која истиот авио-билет го има, но со значително повисока цена.
Стопанската комора тврди дека Договорите се доделуваат постојано на исти туристички агенции и тие направиле повеќе консултации за утврдување на причините и методите на решавање на оваа негативна појава.
Тие бараат итна ревизија на Договорите за јавни набавки за изминатиот период од 10 години. Се очекува некој од сторителите кои се стекнале со огромни приходи на сметка на буџетот, во последниот период да работат со минимална добивка, за да се ,,замагли сликата” за стореното дело.
СКТМ дава безрезервна подршка за справувањето со корупцијата и организираниот криминал во општеството, пред се во туризамот.