Скршен прозорец на Владата откако непознат сторители замавнал со бекатон плочка

by fokus

Едно прозорско стакло од Владата е искршено откако вчера непознат напаѓач замавнал со бекатон плочка кон објектот. Случајот е пријавен во полиција од страна на обезбедувањето на владината зграда вчера во 22.50 часот. Сторителот потоа побегнал во непознат правец, поради што не е познат неговиот идентитет.

Од МВР велат дека местото е фотографирано и дека работат на пронаоѓање на сторителот.

Поврзани новости