Два стана, гаража, автомобил, деловен простор, денари, девизи и кредити – ова го пријавила новата градоначалничка на Град Скопје, Данела Арсовска во својот анкетен лист, кој Фокус го обезбеди од Државната комисијата за спречување на корупцијата, согласно Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Арсовска стапи на функција на 8 ноември, а имотната состојба ја пријавила во законскиот рок, еден месец подоцна на 7 декември. Меѓутоа, нејзиниот анкетен лист се уште не јавно достапен, односно не е објавен на веб-страницата на ДКСК.
Од недвижен имот, Арсовска пријавила стан од 38 метри квадратни купен во 2011 година во вредност од речиси 25 илјади евра, деловен простор од 22 квадратни метра со иста вредност. Исто така, поседува гаража од 15 метри квадратни во вредност од околу 4.000 евра, којашто заедно со деловниот простор го купила во 2008 година.
Лани, Арсовска купила стан од 42 метри квадратни во вредност од нешто повеќе од 30 илјади евра. Притоа, пријавила само еден автомобил „хундаи“ којшто го купила годинава за 2.500 евра, произведен во 2016 година. Во 2009 година купила акции во вредност од 20.000 денари, побарувања нема, а не пријавила ниту дополнителни приходи.
Годинва, пак, Арсовска зела два кредити во вкупна вредност од од околу 37 илјади евра. Има банкарски депозити во вредност од 4.165.000 денари и девизи во во вредност 78.800 денари…
Ф.Ф.С