Скроен е предлог-тарифникот за струја, според кој ќе има 4 блок тарифи, а ќе се применува од 1 јули. Според него, оние кои трошат повеќе, ќе плаќаат најскапа струја.
Креаторите на концептот уверуваат дека домаќинствата, кои трошат над 420 киловат часови електрична енергија, ќе плаќаат над 6 отсто повеќе. Оние пак , кои трошат најмалку, ќе имаат пониски сметки за 5 отсто.
Сепак, пресметките се за важечките цени, а не за зголемувањето кое ќе стартува од 1 јули.
Целта со новиот модел е да се намали потрошувачката на струја, а цените сепак, ќе бидат пониски од пазарните, уверуваат од Регулаторна.
Ќе се стимулира и користењето скапа тарифа, а броилата ќе се читаат на 35 дена, за да не се доведат во заблуда потрошувачите.
Според анализата, во земјава има околу 800 илјади броила, односно домаќинства. Од нив, 140,000 трошат под 100 киловати, а најголем дел од домаќинства трошат од 300 до 700 киловат часови.