485
Поранешниот руски шпион, Сергеј Срипаљ се опоравува по нападот со нервен агенс, тој е во свесна состојба и може да зборува, соопшти болницата во Салзбери.
Наскоро полицијата ќе може со него да поразговара за овој инцидент кој предизвика меѓународен скандал.
„Скрипаљ добро реагира на лечењето и повеќе не е во критична состојба“, изјави вчера управителката на болницата, Кристин Бланшард.
Пред неколку дена, пак, се огласи и неговата внука, Јулија Скрипаљ, која соопшти дека е при свест веќе една недела.