451
Два случаи на Омикрон 2, што е подваријанта на Омикрон сојот, наречена ΒΑ.2 или 21L се откриени во Грција, кај патници кои пристигнале од странство и се наоѓаат во изолација, јави дописничката на МИА од Атина.
Од Националната организација за јавно здравје на Грција, преку соопштение објаснуваат дека конкретната подваријанта е дел од поголемата група 21M, позната како сојот Омикрон, а меѓу другите подваријанти е и 21K (ΒΑ.1) која е моментално раширена во светот.