Скопјанка загинала во собраќајна несреќа

by Fokus

Во текот на вчерашниот ден во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Македонско- косовска бригада” во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу автомобил „опел корса”, управувано од Н.А.(30) од Скопје и автомобил „фолксваген пасат” што го управувал З.З.(21) од Визбегово.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починала сопатничката во возилото „опел корса”, А.Е.(79) од Скопје.

Смрт констатирал лекар од Итна медицинска помош, а увид извршила екипа од СВР Скопје.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата било дадено на обдукција.

Поврзани новости