400
Во погоните на Фени Индустри во Кавадарци денеска беше уништено разновидно неупотребливо и трајно оштетено службено оружје, кое досега било складирано и во разни организациони единици на Министерството за внатрешни работи.
Поточно, се работи за точно 590 парчиња оружје, од кои најголемиот дел се автоматски пушки, пиштоли, полуавтоматски и воздушни пушки, пушкомитролези и слично оружје што практично одамна е надвор од формациска употреба поради својата техничка неисправност.
Со оглед дека за ваков вид и обем на активност во државава постојат само три правни субјекти со печки за топење – Макстил, Југохром и Фени Индустри, изборот падна врз Фени, бидејќи другите две друштва моментално воопшто не ги користат таквите печки.