Скоро 50.000 луѓе примиле прва доза за една недела

by fokus

Во текот на изминатата недела, дадени се вкупно 49.569 први дози на вакцини против ковид во државата. Како што велат од Министерството за здравство, забележан е значително зголемен интерес за вакцинација помеѓу граѓаните.

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 586.384 граѓани.

Прва доза вакцина во петокот и вчера примиле 13.950 граѓани, а втора доза вкупно 8.636 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.058.112 дози вакцини, а ревакцинирани се 471.728 граѓани.

Со последните бројки, 67 отсто од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина, 64 отсто од населението над 65 години е вакцинирано со барем една доза вакцина, 60 отсто од населението над 60 години е вакцинирано со барем една доза вакцина и 50 отсто од населението над 50 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Поврзани новости