Скоро 30.000 пиротехнички средства запленети во Гостивар, Штип и Битола

by Фокус

Попладнево околу 12 часот и 30 минути, на улиците „Борче Јовановски“ и „Браќа Ѓиновски“ во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово ги лишиле од слобода Б.А.(48) од Гостивар, затоа што во возило „опел мерива“ му биле пронајдени и одземени 4800 пиротехнички средства и 35-годишниот гостиварец С.К., од кого биле одземени 1835 пиротехнички средства, соопштија од МВР.

Исто така, денеска, полициски службеници од Одделението за крим полиција при СВР Битола заедно со полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност Битола од Н.Ш(57 )од Битола одзедоа 6939 парчиња пиротехнички средства, а Н.Ш. е лишен од слобода.

Од МВР информираат и дека денеска полициски службеници од СВР Штип, по добиени оперативни созаннија, при преглед на возило управувано од А.Ф.(52) од Штип, пронајдоа и одзедоа 2900 парчиња пиротехнички средства. Дополнително се преземени мерки и во врска со случајот се пронајдени и одземени 12.544 парчиња пиротехнички средства.

 

Поврзани новости